Словенечкиот премиер гордо ја претстави својата нова девојка: 20 години помладата девојка го тешела по разводот!
Словенечкиот премиер Роберт Голуб на доделувањето на наградите Прешерн во Љубљана се појави во друштво на својата нова девојка Тина Габер.
Премиерот на Словенија Роберт Голуб конечно ги потврди гласините за нова жена во неговиот живот.
Како што веќе еден месец се шпекулира во словенечките медиуми, неговата нова девојка е поранешната мисица Тина Габер , која е 20 години помлада од него, со која се појави и на наградите Прешерн во Љубљана.
Новиот пар на сите им го украде вниманието кога влегоа во салата каде се одржуваше церемонијата, а атрактивната Тина се погрижи да не остане незабележана со изборот на фустан.
Да потсетиме, словенечките медиуми објавија за нивната романса откако заедно биле видени во трговски центар во Љубљана, на божиќниот концерт во Ватикан во Рим, а таа била присутна и во неговиот изборен штаб. Наводно ги запознала нејзината сестра Уршка која работи во премиерскиот кабинет.
Тина е поранешна Мис Хавајска Тропика, а на словенечката јавност и е позната и по врската со популарниот пејач Јан Плестињак. Се зборуваше и дека е во врска со поранешниот словенечки министер за транспорт, Патрик Влачиќ, но тоа никогаш не беше потврдено.
Речиси 20.000 луѓе ја следат Тина на Инстаграм, а таа најчесто објавува видеа и фотографии од нејзините патувања, каде најчесто ја покажува својата фигура во оскудни градници.
Голоб претходно беше во брак со Јана Немец, но минатата година беше објавено дека се разведуваат и дека премиерот ќе продолжи да живее сам со децата.