СЛОВЕНИЈА ГО ЗАБРАНИ ПОПУЛАРНИОТ ЕНЕРГЕТСКИ ПИЈАЛОК ПО КОЈ ЛУДУВААТ МЛАДИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА – Содржи недозволена состојка !?

Кофеинската верзија на многу популарниот и светски познат енергетски пијалок PRIME (Прајм) е забранета во Словенија бидејќи содржи состојка Л-теанин, која не е дозволена во безалкохолните пијалоци, соопшти Управата за безбедност на храна на Словенија, пренесуваат тамошните медиуми.

Станува збор за брендот на двајца познати Јутјубери, контроверзниот инфлуенсер и WWE борач, Логан Пол и британскиот Јутјубер – KSI.

Поради оваа причина, на операторите им било наредено повеќе да не ја продаваат верзијата на пијалокот кофеин, додека пак верзијата без кофеин ќе остане на полиците.

По барањата на потрошувачите и пријавите од Здружението на потрошувачи на Словенија, инспектори од Управата за безбедност на храна, ветеринарна медицина и заштита на растенијата на Република Словенија извршија инспекција и утврдија дека една од двете верзии на пијалокот во оптек содржи Л-теанин, а пијалокот е забранет од понеделник.

слика

Кофеинскиот енергетски пијалок од овој бренд содржи дури 200 милиграми кофеин по конзерва, додека другите познати енергетски пијалоци на пазарот содржат околу 80 милиграми кофеин по конзерва.

И покрај тоа што на конзервата пишува дека не е наменета за лица помлади од 18 години, светлите бои на амбалажата и возбудата на социјалните мрежи покажуваат дека нејзиниот маркетинг е наменет за тинејџери.

Вистинско лудило владееше за пијалокот кај адолесцентите, а тој исчезнал од полиците во американските продавници за неколку часа, додека пред продавниците се создаваа редици пред неговата продажба во Велика Британија. Во меѓувреме, поради огромната побарувачка, неговата цена порасна, а KSI еднаш на социјалната мрежа Х (Твитер) соопшти дека пијалокот се продава дури и на црниот пазар, а од неодамна е достапен и во Македонија и е многу популарен помеѓу најмладите.