СЛОВЕНСКАТА ВОЈСКА НА НОЗЕ, АКТИВИРАН СПЕЦИЈАЛЕН ПЛАН: Се повеќе загинати, катастрофа во земјава, порои однесоа мостови, села под вода

Ситуацијата е алармантна.

Според метеоролозите , невиденото невреме кое предизвика поплави на северот на Словенија не е ни при крај. Метеорологот Бране Грегорчич од Агенцијата за животна средина (АРСО) наведува дека невремето се движи кон другите делови на земјата и се движи кон Хрватска.

Во текот на ноќта меѓу четвртокот и петокот започнаа обилни врнежи и веќе се поплавени повеќе места низ државата. Стотици интервенции на пожари се забележани во Словенија поради поројните поплави. Беа евакуирани три кампа, а неколку села се отсечени од остатокот од земјата.

Евакуирана е градинка во градот Менгеш.

– Ги известуваме родителите од градинката во Гобица дека сите 22 деца се успешно евакуирани на безбедно – напишаа членовите на доброволната противпожарна единица Менгеш.

Во Корушка многу патишта се затворени за сообраќај, реките се излеале, многу куќи и подруми се поплавени, а предизвикани се и бројни одрони, соопшти Управата за заштита и спасување во Словенија.

Командантот на цивилната заштита Сречко Шестан вели дека полицијата го известила дека има неколку загинати, но дека засега нема конкретни информации за околностите.

Надојдената река Мислиња го урна мостот на магистралниот пат Дравоград-Словењ Градец во Отишки врв , неколку патишта се уште се непроодни, многу области се поплавени, а на места нема вода за пиење ниту сигнал за мобилни телефони.

Ситуацијата е сериозна, предупреди министерот за одбрана Марјан Шарец, армијата е на терен, а активиран е и акцискиот план „Виор“ . Тој план предвидува активирање на силите на словенечката армија во случај на природни катастрофи од големи размери.

 Ако нема друг начин, ќе спасуваме луѓе со оклопни возила – рече Шарец.