ловачкиот премиер Роберт Фицо денеска од болницата во Банска Бистрица е префрлен дома во Братислава.
Неговата состојба е стабилизирана и почнал со рехабилитација, објави словачкиот портал „Правда“.
Порталот наведува дека Фицо ќе се опоравува дома и дека тоа било негова желба.
Директорката на Факултетската болница во Банска Бистрица, Миријам Лапуникова за телевизијата „та3“ ја потврди информацијата.
На 15 мај 71-годишниот писател Јурај Цинтула го застрела Фицо. Полицијата веднаш го приведе.
Словачкиот премиер во тешка состојба беше пренесен во болница, каде му беше извршена операција.
Цинтула е во притвор и се соочува со казна од 25 години до доживотен затвор.