СЛУЧАЈ ЕНДРЈУ ТЕЈТ – Озогласениот инфлуенсер обвинет за силување и трговија со луѓе: Миленикот на ‘посилниот пол’ оди зад решетки !?
Контроверзниот инфлуенсер Ендрју Тејт е обвинет во Романија за силување, трговија со луѓе и формирање на организирана криминална група за сексуална експлоатација на жени.
Обвинети се и неговиот брат Тристан Тејт и двајцата соработници, додека сите обвинети ги отфрлиле обвинувањата.
Браќата Тејт прв пат беа уапсени во нивната куќа во Букурешт во 2022 година. На 31. март тие беа префрлени од притвор во домашен притвор по одлука на романски судија.
Во обвинението пред судот во Букурешт се наведува дека четворицата обвинети во 2021 година формирале организирана криминална група за шверц на луѓе во Романија, но и во други земји, меѓу кои и САД и Велика Британија.
Се знае дека седум жртви наводно биле регрутирани од браќата со лажни ветувања за љубов и брак.
Судењето се очекува да трае неколку години, објавува BBC, додавајќи дека романскиот судија сега има 60 дена да ги разгледа списите на случајот пред да го испрати на судење.