СМЕААТ ДЕКА ПОВЕЌЕ НЕМА ДА МУ ТРЕБА: Русите ја дадоа на оглас за продажба луксузната претседателска вила на Володимир Зеленски на Крим
Договорите за продажба изнесуваат повеќе од 815 милиони рубли (околу 8 милиони евра)
Власта која ја постави Русија на Крим објави дека планира да продаде околу 100 украински имоти, вклучително и еден што му припаѓа на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Владимир Константинов, претседател на кримскиот парламент, изјави дека национализираните средства наскоро ќе бидат продадени и дека властите ги одржале првите осум аукции за имотите на украинските бизнисмени.
Продажните договори изнесуваат повеќе од 815 милиони рубљи (околу 8 милиони евра) , изјави Константинов на својот канал Телеграм.
Руските власти на Крим во февруари соопштија дека национализирале околу 500 имоти на Крим, вклучително и некои што им припаѓаат на високи украински политичари и бизнисмени.
Крим, меѓународно признат како дел од Украина, е под контрола на Москва од 2014 година, кога Русија го анектираше полуостровот на Црното Море, осум години пред нејзината инвазија на остатокот од Украина.