СМЕНЕТ РУСКИ ГЕНЕРАЛ: „Во име на сите мои пријатели кои загинаа, немав право да лажам“

Рускиот генерал Иван Попов, кој беше командант на 58-та армија, денеска соопшти дека е сменет од таа позиција откако изјавил дека руски војници биле прободени во грб поради неуспехот на военото раководство.

– Настана тешка ситуација кај властите затоа што имаше две опции – да молчат, да бидат кукавици и да им кажат што сакаат да слушнат или да ги наречат работите со нивното вистинско име. И јас, во име на сите мои пријатели кои загинаа, немав право да лажам. Затоа денеска ги презентирав сите проблематични прашања што постојат во армијата – рекол Попов во говорната порака објавена на Телеграм, пренесува рускиот портал РБК.

Тој додаде дека, за време на разговорот со претпоставените, се фокусирал на „најважната трагедија на модерното војување“, односно на недостигот од контрабатериска борба и артилериско извидување, но и на големиот број убиени и ранети војници. .

– Покренав и низа други прашања – искрено и грубо. Очигледно повисоките команданти насетуваа некаква опасност и во еден ден министерот за одбрана излезе со наредба, ја издаде и се ослободи од мене – рече Попов.