СМРДЛИВИ ИНСЕКТИ ОКУПИРАЛЕ АВТОМОБИЛИ – Австралија вратила брод со илјадници нови возила, па се решила на драстичен чекор: Инвазија од бубачки !?

Австралиските власти испратија џиновски океански брод со илјадници автомобили Tesla и KIA назад во Јужна Кореја.

Бродот најпрво треба темелно да се исчисти бидејќи на него се откриени инсекти кои предизвикуваат непријатност само по самото име, а се познати и кај нас. Станува збор за бродот „Glovis Caravel“, со капацитет од околу 6.500 возила.

Бродот е вратен во Јужна Кореја. Таму ќе биде подложен на посебен третман, вклучувајќи целосна дезинфекција и чистење на бродот за да се отстранат сите смрдливи бубачки. Имено, пронајдените инсекти претставуваат закана за австралиското земјоделство и природа.

Смрдлива бубачка

На бродот првично му беше дозволено да влезе во Австралија, каде што беа истоварени ограничен број автомобили на Tesla. Но, набрзо било откриено дека во нив имало инсекти.

Веб-страниците за следење на бродови покажуваат дека бродот моментално е на пат кон јужнокорејското пристаниште Пјонгтак. Покрај непријатниот мирис, овие инсекти се хранат со сите видови култури.

Интересно, ова не е првпат „Glovis Caravel“ да биде отповикан поради биолошки ризик. Од 2018 година тоа се случило неколку пати, а еднаш и во 2023 година.