“Смртта на мојот брат остави голем белег врз мене!“ – легендарниот Златан Ибрахимовиќ си ја отвори душата: “Плачев цел ден, а кога ја земав лопатата на погребот…“
Златан Ибрахимовиќ (41 г.) е еден од најпознатите фудбалери во светот. Годинава замина во пензија, но она што многумина не го знаат е дека тој имал брат по име Шапко. За жал, тој починал во 2014 година од рак.
„Го кренав погледот кон Бог и се молев, видов дека работите се сериозни, не можев да дишам. Чуствував нешто пред неговата смрт, сакаше да бидам до него. Замина пред мене“, изјавил Златан Ибрахимовиќ во едно од претходните интервјуа и признал дека сето тоа му било многу тешко.
„Бев во целосен шок, дури на погребот сфати што точно се случува. Го погребавме според муслиманските обичаи, татко ми прв фрли земја на ковчегот со лопата, па дојде редот и јас се замрзнав. Ја ставив лопатата на земја и тогаш сфатив и прифатив дека тој починал. Плакав цел ден“, открил неодамна легендарниот фудбалер.
Не е тајна дека славниот шведски фудбалер е атеист. „Не верувам во Господ, туку само во себе“, откри еднап Златан Ибрахимовиќ.
Златан Ибрахимовиќ кариерата ја започна во родниот Малме, а потоа играше за Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ, Манчестер Јунајтед, ЛА Галакси, а се пензионираше во Милано. За шведската репрезентација одигра 122 натпревари и постигна 62 гола.