Смртта на најбогатата Југословенка: На денешен ден пред 31 година почина целото семејство на банкарката Дафина, нивната смрт сè уште е мистерија (фото/видео)
-Токму на денешен ден, 2 јули, пред точно 31 година, се случи веројатно најмистериозната смрт на едно семејство во Србија.
Вестта како бомба одекна низ цела поранешна Југославија – сопругот и децата на Дафина Милановиќ, сопственичката на најпознатата банка во Југославија во деведесеттите – Дафимент, загинаа во страшна сообраќајна несреќа на автопатот во Унгарија. И денес не е јасно што се случило на тој јулски ден во 1992 година.
Како што пишуваа српските медиуми, според она што е познато, тој ден автомобилот на семејството Милановиќ излетал од патот.
Постојат неколку верзии за овој настан, а една од нив пред три децении беше дека Дафина ја лажирала смртта на своите најблиски за да ги заштити од закани, бидејќи тогаш се наѕирал колапс на нејзината банка.
Дафина го криела семејството на тајна локација и им го сменила идентитетот во страв за нивните животи, па во Србија кружи приказната дека сопругот, синот и ќерката на Дафина Милановиќ не умреле во 1992 година во Унгарија, туку таа ги сокрила на тајна локација.
„Тие се живи, само не смеат да се вратат во Србија“
Живи се, но не смеат да се вратат во Србија. Вака, во доверба ѝ кажала Дафина Милановиќ, покојната поранешна сопственичка на „Дафимент банка“ на новинарка од Белград веднаш по семејната трагедија во 1992 година, кога, како што тогаш беше објавено, починале нејзиниот сопруг Драган, синот Живко и ќерката Љиљана во сообраќајна несреќа во Унгарија. Сепак, нема докази за таквите тврдења.
Од тој мистериозен настан поминаа 31 година, а ни денес не е јасно што всушност се случило на автопатот во Унгарија на 2 јули 1992 година кога било пријавено дека автомобилот на семејството Милановиќ излетал од патот. За овој настан има уште неколку верзии, а една од нив е дека Дафина всушност ја лажирала смртта на своите најблиски за да ги заштити од закани за убиство, бидејќи тогаш се наѕирал колапс на нејзината банка.
Одела на приеми, облечена нормално
Еден од соговорниците на српските медиуми кој дал изјава пред шест години, тогаш близок до тајните служби, изјавил дека Дафина се однесувала мирно и опуштено по трагедијата што ја снашла.
-Остана без сопругот, ќерката и синот, но многу брзо продолжи да работи, па дури и се појавуваше на приеми и прослави, облечена нормално. Во тоа време таа имаше многу пари и беше многу моќна, па не беше проблем да се скрие семејството на тајна локација и да се промени нивниот идентитет дури и на овој начин, со исценирана несреќа.
Во мај истата година ситуацијата со банката беше драматична и таа знаеше што може да и’ се случи. Најмногу се плашеше да не и’ ги киднапираат или ликвидираат сопругот и децата – изјави извор запознаен со случајот.
Брат и’ Добрица бил збунет
Оваа верзија ја поткрепува и тогашната изјава на нејзиниот брат Добрица.
– Надлежните не ми дозволија да одам да ги идентификувам зетот и децата на Дафина. Ме уапсија во Суботица и ме вратија во Белград – изјави тогаш Добрица.
Дафина подоцна го обвини Слободан Милошевиќ за смртта на семејството. По пропаѓањето на банката извесен период живеела во странство, а во 2008 година починала од рак.