Тијана Милутиновиќ и нејзиниот сопруг, фудбалерот Михаило Милутиновиќ вчера ја крстија својата ќерка, а на церемонијата присуствуваа Сашка и Ѓорѓе Ѓоковиќ.
Сашка на својот Инстаграм профил објави фотографија од приватен авион каде сè e луксуз, а тие решија да отпатуваат некаде заедно со децата.
На фотографијата ги гледаме Ѓорѓе Ѓоковиќ и Тијана, а Сашка и фудбалерот држеле деца во раце. Каде се упатија останува да дознаеме.
Да потсетиме, Тијана и нејзиниот партнер, фудбалерот Михаило Милутиновиќ, избраа многу необично име за својата ќерка.
– Таа ќе се вика Киара. Знаевме дека ќе биде девојче, направивме пренатален тест. Навивав првотот дете да биде девојче, а братчето да дојде подоцна, бидејќи така е со мене и Михаил во семејството – изјави водителката по излегувањето од породилиштето.
Киара е женско име со латинско потекло. Значењето на името доаѓа од латинскиот clara што значи транспарентен, јасен, светол, познат. Друга форма на ова име е Кијара.