Снајперски дуел во Украина: Специјалецот Кадиров против полскиот платеник „Суровиот“! Еве кој преживеа!

Снајперските дуели станаа алатка што ја користат двете страни во конфликтот за да го подигнат моралот на нивните единици кои се борат во војната во Украина.

Според медиумите кои го поддржуваат Кремљ, руски снајперист од полкот „Ахмад“ убил „полски платеник“ кому Русите му го дале прекарот „Суровиот“.

Медиумите се повикуваат на непотврдени информации од војник во единицата кој тврди дека имало снајперски дуел во кој загинал Полјак. Приказната за дуелот, меѓу другото, ја пренесе весникот Правда, а прв ја објави ,,Раша тудеј”, за која наводно информирал командантот на извидувачката единица на полкот „Ахмад“.

Оваа вест ја пренесоа и полските медиуми како polsatnews.

Тоа е 141-виот специјален моторизиран полк именуван по прорускиот чеченски водач убиен во 2004 година, Ахмад Кадиров. Војниците во оваа единица, позната како „Кадировци“, припаѓаат на руската Росгард – руската служба за внатрешна безбедност лојална на Владимир Путин.

„Руски снајперист од полкот на специјалните сили елиминираше платеник од Полска, со прекар „Суровиот“ во зоната за специјални операции“, се наведува во написот на Правда.

Руските медиуми објавија непотврдени информации од руската армија дека Полјакот намерно ги таргетирал руските војници на начин да им предизвика што е можно поголема болка и страдање.

Според руските извештаи, тој целел кон вратот и пазувите. Снајперистот кој наводно го елиминирал Полјакот рекол дека неговиот противник користел „кукавички тактики“, што значи дека се криел во дрвјата.

Според војникот со псевдоним „Хад“, Полјакот се открил со звукот на кршење на гранките, по што Чеченецот го застрелал. Снајперската активност е особено значајна од перспектива на пешадијата на првата линија.

Снајперските престрелки се случуваат редовно, а исходот од овие престрелки влијае на моралот на војниците.