Снегот ги покри патиштата и автомобилите во Босна и Херцеговина – предизвикува проблеми на автопатите

Поради врнежите од снег и дожд кои паѓаат од вчера вечерта во повеќе делови на Босна и Херцеговина, има проблеми на патиштата.

Таква е состојбата на автопатот од Сараево до Мостар, кој очигледно не е исчистен, пишуваат локалните медиуми, пренесува Телеграф.

Ова може да биде посебен проблем за возачите кои ги замениле зимските гуми за летни, што е законски возможно од април.

Како што пренесуваат читателите на порталот Klix.ba, низ овој дел не поминал ниту булдожер за чистење на автопатот.

Исто така, како што информираат надлежните, во останатите делови имало прекини во сообраќајот поради сообраќајни несреќи.

На возачите секако им се препорачува да бидат внимателни поради зимските временски услови.