Во прекин беше и авиосообраќајот, поради што вчера беа откажани речиси 200 летови до и од меѓународниот аеродром Сент Луис Ламберт во Сент Луис, Мисури.
Снег, мраз, ветер и ниски температури во централните делови на САД денеска предизвикаа опасни услови на патиштата, а во некои делови од земјата се прогнозираат најобилни снежни врнежи во последната деценија.
Гувернерите на Мисури, Арканзас и Вирџинија прогласија вонредна состојба.
Снегот и мразот ги покри главните патишта во делови од американските сојузни држави Канзас и Индијана, каде што беше распоредена Националната гарда за да им помогне на заглавените возачи, пренесе АП.
Во прекин беше и авиосообраќајот, поради што вчера беа откажани речиси 200 летови до и од меѓународниот аеродром Сент Луис Ламберт во Сент Луис, Мисури.

Меѓународниот аеродром Канзас Сити во Мисури, исто така, привремено приземји десетици летови поради мразот.
Националната метеоролошка служба издаде предупредување за снежна бура во Канзас, Мисури и Њу Џерси до понеделник.
Метеоролозите прогнозираат дека во делови од Канзас и северниот дел на Мисури ќе наврнат дури 12 инчи снег.
Температури под нулата се очекуваат дури на југ до Флорида.
Метеоролозите прогнозираат силни грмотевици, со можност за торнада и град во Мисисипи.