Минатата недела еруптираше вулкан на јапонскиот остров Нииџима, 150 километри јужно од Токио.
Јапонската крајбрежна стража го снимила моментот на експлозијата на камера и ја објавила снимката вчера, пренесува Телеграф.
Властите велат дека експлозијата достигнала висина од околу 200 метри, пишува Би-Би-Си.
Вулканскиот остров е создаден пред десет години. Неговото име се преведува како – „нов остров“.