Снимен моментот на експлозијата во која беше убиен рускиот генерал

Рускиот генерал Игор Кирилов беше убиен утрово во екплозија пред зграда во Москва.

Генерал-полковник Игор Кирилов, началник на силите за нуклеарна, биолошка и хемиска одбрана, излегувал од станбен блок кога експлодирала направатa, соопшти рускиот Истражен комитет. Направата била активирана од далечина, потврдија руски безбедносни извори за државната новинска агенција Тас.

На интернет се појави видео од атентатот на генералот Кирилов.

На видеото се гледа како тој и неговиот помошник ја напуштаат зградата, а во близина има скутер на кој наводно имало експлозивна направа.