Снимка од невремето во Атина: Поројот носи се пред себе, луѓето гледаат и не веруваат, еве што им се случи на познатите кафулиња во Колонаки (Видео)

По жешките летни денови, невреме ја зафати и Грција, каде дождот изминатите денови ги поплави улиците и направи голема штета.

Покрај омилените летувалишта на Халкидики, каде што силен дожд и ветрови накратко им го расипаа одморот на многу туристи, невремето ја погоди и Атина.

Како што може да се види од видеата споделени на социјалните мрежи, по улиците се излеа големо количество вода, додека поројот однесе столчиња во некои кафулиња.

Според грчките медиуми, силни грмежи, молњи, град и налети на ветер денеска ќе зафатат делови од Грција, а попладне се очекува подобрување на времето.