Снимките од дрон ги покажуваат размерите на катастрофата во Либија

Во градот Дерна, кој беше најмногу погоден од катастрофалните поплави во Либија, на многу точки се видливи болните траги од катастрофата.

Силното невреме во централниот дел на Медитеранот предизвика катастрофа во многу населени места, а посебно во градот Дерна. Во градот, во кој продолжуваат потрагата и спасувачките операции, работат хуманитарни тимови од различни земји.

Снимките направени со дрон покажуваат во колкав размер поплавата оставила зад себе пустош во многу делови на градот Дерна.

Илјадници луѓе ги загубија животите, а куќите и возилата се целосно уништени. Стотици возила се оштетени во градот, каде улиците и куќите останаа под слоеви кал.

Според последните податоци на Обединетите нации, само во градот Дерна бројот на загинати во поплавите се искачил на 11.300, а по најмалку 10.000 луѓе сé уште се трага.