Пратеникот од коалицијата Алијанса за Албанците – ВЛЕН, во Собранието зборуваше за покрената интерпелација за разрешување на членовите на Судскиот совет.
Тој, се вели во соопштението, вели дека прво се потребни факти, па потоа наодите и природно е дека ние како пратеници имаме обврска да ја вратиме довербата во судството.
„Сакаме да ја одвиткаме таа поразителна обвивка на чувството на граѓаните дека судството не може да функционира. Ние како пратеници имаме обврска да придонесеме за функционалноста на правосудниот систем и враќањето на довербата која во моментов е само два отсто Имаме обврска да ги констатираме фактите. Тие велат дека имаме пропаднат и заробен судски систем“, рече Снопче.
Понатаму додаде дека од суштинско значење е да се констатира состојбата и потоа да се преземат мерки или активности.
„Ова е исто како да не забележиме дека се оштетени темелите на куќата и како резултат на тоа ќе дојде денот кога ќе се изненадиме кога ќе видиме како се урива куќата. Така е и со судскиот систем. Ако не ја процениме ситуацијата со цел да преземеме чекори за нејзино подобрување, тогаш како пратеници ќе придонесевме за тотален колапс на овој систем“, заклучува Снопче.