Снуп Дог ќе глуми во новиот научно-фантастичен филм „Последниот човек“ на францускиот режисер Лук Бесон, кој ги режираше хит филмовите „Петтиот елемент“ и „Леон професионалецот“.
Деталите за заплетот не се познати, но се вели дека станува збор за пост-апокалиптичен филм инспириран од Planet of the Apes и поврзан со песната на Снуп Дог, Last Man Standing, пишува Variety.
Покрај Петтиот елемент, другите научно-фантастични филмови на Бесон ги вклучуваат Луси од 2014 година, која беше хит, и Валеријан и градот на илјада планети од 2017 година, кој се сметаше за пропаст. Бесон го напиша сценариото за Last Man како и за Петтиот елемент. Филмот ќе биде мешавина од научна фантастика, комедија и акција.
The Last Man не е прва соработка меѓу Бесон и Снуп Дог. Во 2006 година, познатиот музичар го позајми гласот за филмот на Бесон, Артур во земјата на минимој, во кој се појавија и Мадона, Дејвид Боуви, Роберт Де Ниро, Џими Фалон и Миа Фароу.
„Јас сум голем обожавател на музиката на Снуп Дог откако ја сними песната Who Am I“, изјави францускиот режисер за Variety. “Се запознавме пред 20 години и секогаш сакавме повторно да работиме заедно. Потребен беше само проект кој ќе не возбуди и двајцата и го најдовме, со Снуп во главната улога. Едвај чекам да започнеме!”
Снимањето на „Последниот човек“ ќе започне во 2025 година. Продуценти на филмот се Бесон, Вирџини Бесон-Сила, Снуп Дог и Сара Рамакер.
Последниот филм на Бесон беше DogMan од 2023 година, кој се натпреваруваше на филмскиот фестивал во Венеција. Режисерот моментално работи на готскиот хорор Дракула: Љубовна приказна, со Кејлеб Лендри Џонс, Кристоф Валц и Матилда Де Анџелис во главните улоги.