Собранието изгласа законски измени, трговците се обврзани да ги објавуваат цените на производите на нивните веб-страници
Собранието на денешната 35. седница ги изгласа измените на Законот за заштита на потрошувачите, каде мнозинството пратеници очекуваат поголема транспарентност на цените на пазарите, подобрување на конкуренцијата, намалување на цените.
Со овие измени, трговците се обврзани да ги објавуваат цените на производите на нивните веб-страници.
Сличен закон за заштита на потрошувачите беше усвоен и во Хрватска минатата недела, со кој се бара од трговците на мало во Хрватска да ги објавуваат и редовно да ги ажурираат цените на сите производи на нивните веб-локации и да обезбедат непречен пристап до дигитални алатки кои на клиентите ќе им понудат можност да ги споредат цените во реално време.