Собранието попладнево ја продолжи 125. седница со расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, по скратена постапка, во второ и трето читање.
Прв за збор се јави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски, оценувајќи дека овој закон е олицетворение на хипокризијата на власта.
Стојановски забележа дека на Парламентот му е приоритет да зборува за Кривичниот законик, наместо за она што се случува на Онкологија.
„Замислете, тие што имаат можност да ги управуваат институциите, поднесуваат зкаон кој комплетно ќе го урниса системот во државата. Со овој закон се јасни две работи – несоборливата вистина дека ќе одите во опозиција и од правдата нема да избегате“, обвини Бојан Стојановски.
Во обраќањето, тој предложи да се изградат нови споменици, за реформите, како што нагласи, во правосудството на СДСМ,
„Први ќе ги ставиме буквите СЈО, потоа до нив Катица Јанева, па Добрила Кацарска и Вилма Рускоска, кандидат за уставен судија Љубомир Јовески кој нема отворено ниту еден предмет, а изгореа луѓе во автобус, во модуларна болница, а на крај ќе го ставиме Абази. Мементо паркот ќе биде наречен – СДСМ и правосудството“, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.
За Гордана Силјановска Давкова е нејсно како може Кривичен законик да се смени за неколку часа.
„Денеска бев сведок на јавно убиство на правото и правдата во Комисијата за антиевропски прашања“, истакна Гордана Силјановска Давкова.
Претседателот на Собранието Талат Џафери на почетокот на продолжението на седницата информира дека Владата го повлече Предлог-законот за авотрски права.