Советниците во советот на Град Скопје вчера дадоа зелено светло за нови 120 вработувања во „Комунална хигиена“. Како што кажаа и од власта и од опозицијата сега се очекува од градоначалничлката Арсовска да ја подобри хигиената во главниот град.
Со одобрување на програмата се предвидува вработување на 120 хонорарни работници до крајов на годинава. Тие ќе имаат цел да го решат проблемот со ѓубрето во градот и да ги исчистат дивите депонии.
Повторно не помина Предлогот за брз автобуски транспорт и набавка на еколошки автобуси. Останува неизвесно како скопјани од септември кога почнува и новата учебна година, ќе се превезуваат во градот.