Грациозна и атрактивна, таа отиде на вечера со својот сопруг во предизвикувачко модно издание .
Ќерката на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Иванка Трамп (42) и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер се фотографирани како излегуваат во ексклузивен ресторан во Мајами.
Американската претприемачка за оваа вечерна пригода блесна во заводлив црн мини фустан, кој ги истакна нејзините совршено обликувани и долги нозе, како и нејзината извајана фигура.
Таа насмеано им одговори на папараците кои ја чекаа славната двојка на влезот, а таа и нејзиниот сопруг решија да ги усогласат нивните аутфити, па и Џеред се одлучи за црно-бела комбинација, но тој беше облечен малку полежерно од неговата згодна сопруга.
Иванка Трамп привлекува внимание каде и да се појави и навикнати сме секогаш да биде беспрекорно стилизирана, а ова издание важи за едно од нејзините најдобри изданија.