Нитрозамините се откриени во храната, вклучувајќи суво месо, преработена риба, какао, пиво и други алкохолни пијалоци, соопшти ЕФСА.
Хемиските соединенија кои предизвикуваат рак наречени нитрозамини се откриени во низа секојдневни намирници и може да претставуваат ризик по здравјето на потрошувачите, предупреди во вторникот Европската агенција за безбедност на храната.
10-те нитрозамини — кои намерно не се додаваат во храната, но кои можат да се формираат при нејзината подготовка и обработка — се канцерогени и исто така генотоксични, што значи дека можат да ја оштетат ДНК, според новата студија спроведена од агенцијата на Европската унија.
„Нашата проценка заклучува дека за сите возрасни групи низ популацијата на ЕУ, нивото на изложеност на нитрозамини во храната предизвикува здравствена загриженост“, рече Дитер Шренк, претседател на панелот на ЕФСА за загадувачи во синџирот на исхрана.
„Врз основа на студии на животни, ја сметавме инциденцата на тумори на црниот дроб кај глодарите како најкритичен ефект врз здравјето“, додаде тој.
Нитрозамините се откриени во храната, вклучувајќи суво месо, преработена риба, какао, пиво и други алкохолни пијалоци, соопшти ЕФСА.
„Најважната група на храна“ што придонесува за изложеност на нитрозамини е месото, се вели.
Шренк рече дека истражувањето го искористило „најлошото сценарио“ претпоставувајќи дека сите нитрозамини откриени во храната имаат потенцијал да предизвикаат рак како најштетната форма на соединението – „иако тоа е малку веројатно“.
ЕФСА додаде дека има „празнини во знаењето“ за присуството на нитрозамини во некои групи на храна.
Тој советуваше урамнотежена исхрана со широк спектар на храна за да се намали потрошувачката на нитрозамини.
ЕФСА рече дека нејзиното мислење ќе биде споделено со Европската комисија — извршната рака на ЕУ — која пак ќе разговара за потенцијалните мерки за управување со ризикот со земјите од 27-члениот блок.