СОИГРАЧ БАРАЛ ОД ЛИОНЕЛ МЕСИ ДА ПОМИНЕ НОЌ СО НЕГОВАТА СОПРУГА, А ТОЈ ГО ИСФРЛИЛ ОД РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА !? Една година по Мундијалот, откриен голем скандал: “Дајте ми ја Антонела!“

Во декември 2022 година, во Катар, репрезентацијата на Аргентина стана светски шампион во фудбал по трет пат во историјата.

А, една година подоцна се појави информација која ја шокираше јавноста во оваа земја. Оваа информација открива дека не било се идилично и дека имало проблеми на патот до светскиот трон.

Според откритието во програмата „А ла Тарде“, Лионел Меси исфрлил соиграч од тимот.

Наводно, Лионел Меси збеснал од непримерниот коментар на Алехандро Папо Гомез за неговата сопруга Антонела Рокуцо.

Тој е храбар човек… Во соблекувалната не знам точно по кој натпревар, можеби после Холандија, сите биле среќни затоа што поминаа понатаму. Сите почнуваат да пеат, а што прави Алехандро Папо Гомез ? Тој на глас рекол: ‘Дајте ми ја Антонела’. Замислете ги ласерските очи на Лионел Меси… Тој добил инстант црвен картон“, беше откриено во програмата.

Антонела Рокуцо и Лионел Меси

Во случај приказната за инцидентот со Лионел Меси да е вистинита, проблемот што го имал Алехандро Папо Гомез со допингот би послужил како алиби за неговото заминување од репрезентацијата.

Во Катар, Алехандро Папо Гомез одигра 58 минути во првиот осминафинален натпревар против Саудиска Арабија, додека на теренот беше 49 минути во осминафиналето против Австралија.

И тренерот е многу лут поради оваа ситуација, не само репрезентативците. Дали знаете како го викаа соиграчите ? Го нарекувале ‘евтин’ бидејќи секогаш кога оделе да играат тенис и морале да платат, тој исчезнувал. Секој пат кога имало храна за да се плати, тој исчезнувал. А од женскиот муабет била исклучена и неговата сопруга Линда“, рекол изворот.

Алехандро Папо Гомез на крајот од минатата сезона ја напушти Севиља и пристигна во Монца, но за овој клуб поради суспензија одигра само еден натпревар.