Сок од калинка за посилен имунитет

За да го зајакнете имунитетот во периодот на вируси и настинки, пијте свежо цеден сок од калинки, советуваат стручњаците.

Оваа вкусна напивка е вистински концентрат од витамин Ц, богата е со калиум и витамини А и Е, содржи фолна киселина, како и многу моќни антиоксиданси.

Некои истражувања покажале дека редовно конзумирање свеж сок од калинка може да спречи многу болести.

Нутриционистите препорачуваат, свежиот сок (исцеден на ист начин како и портокалот) без додаток на шеќер, да се испие веднаш по цедењето или во текот на денот.