Сондата „Космос 482“ орбитира околу Земјата од 1972 година и наскоро ќе влезе во атмосферата на планетата
Советскиот вселенски брод „Космос 482“, кој беше лансиран пред повеќе од 50 години, орбитира околу Земјата со децении, но сега се очекува повторно да влезе во атмосферата следниот викенд.
Сондата сега е во своето „последно смртоносно нуркање“ и веројатно ќе падне во вода, а не во копно, според Џонатан Мекдауел, астроном во Центарот за астрофизика Харвард и Смитсонијан.
„Не постои толку мала шанса сондата да падне некаде и да оштети имот, а уште помала е веројатноста некој да биде повреден“, изјави Мекдауел за НПР.
Од друга страна, сферична сонда широка еден метар и тешка нешто повеќе од 450 килограми би можела да изгори во атмосферата на Земјата, но Мекдауел верува дека тоа е малку веројатно сценарио.
„Има топлински штит и е дизајниран да ја преживее ригорозната атмосфера на Венера. Очекувам дека наместо да согори, ќе влезе во атмосферата неповредено“, истакна тој.
Советските научници го лансираа Космос 482 во 1972 година со цел да стигнат до Венера. Но, наводен дефект на моторот ја остави сондата „заглавена“ во ниската Земјина орбита. Има бројни астрономски инструменти, од сензори за температура и притисок до радио предаватели и гама спектрометри.
Космос 482 се распадна на неколку парчиња, од кои некои веројатно слетаа во Нов Зеланд кратко време по лансирањето. Сепак, лендерот „преживеа“ во орбитата. Советскиот вселенски брод бил дизајниран да издржи густата и жешка атмосфера на Венера и бил опремен со падобран, но не е познато дали е недопрен и дали ќе работи по толку години.
Сондата би можела да падне над голема површина, која се протега од Канада и Русија до јужниот врв на Јужна Америка.