Јужнокорејскиот фудбалски репрезентативец Сон Хуенг – Мин е новиот капитен на Тотенхем, преземајќи на лентата од Уго Лорис.
Сон дебитираше со капитенската лента попладнево во воведниот натпревар на Тотенхем во новата сезона во Премиер лигата на кој клубот од Лондон ремизираше 2-2 на гостински терен против Брентфорд.
Францускиот репрезентативен голман Лорис е пред заминување од Тотенхем чиј гол го бранеше во изминатите 11 сезони.
Тотенхем, во меѓувреме, остана и без заменикот капитен Хари Кејн, кој вчера потпиша договор со минхенски баерн.
Сон дојде во Тотенхем во 2015 година од бундеслигашот Баер Леверкузен.