Тешка сообраќајна несреќа се случи доцна синоќа во Скопје. Според информациите на ТВ21, БМВ со скопски регистерски таблички удрило во бандера на булеварот Борис Трајковски во Кисела Вода.
Според првичните информации, возачот кој го управувал автомобилот се здобил со тешки телесни повреди и итно е пренесен на скопските клиники. Засега нема дополнителни информации за неговата здравствена состојба.
Во спасувањето и извлекувањето на возачот учествувале пожарникари, кој од засега непознати причини изгубил контрола над возилото и излетал од булеварот.
Полицијата извршила увид на местото на настанот, додека денеска се очекува да има детали за оваа несреќа.