Сообраќајна несреќа во Куманово, повредени шест лица

Шест лица се повредени во сообраќајна несреќа во Куманово, меѓу кои и малолетно момче од Хрватска, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„На 04.05.2025 година во 15:45 часот, во СВР Куманово е пријавено дека на раскрсницата од главниот пат Куманово – Крива Паланка и патот „223“ во Куманово, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Фиат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Ц. (71) од село Алгуња, општина Старо Нагоричане, и возило „Тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 33-годишниот Б.С. од Република Хрватска.

Во несреќата тешко повредени се возачот С.Ц. и неговиот сопатник М.М. (71) од село Алгуња, додека телесни повреди се здобиле Б.С. и нејзините сопатници Ј.Ј. (32) и З.Т. (59), двајцата од село Ранковце, општина Ранковце, и малолетник од Република Хрватска, дијагностициран во Општата болница Куманово.

„На местото на настанот е извршен увид од страна на полициска екипа од СПБ-Куманово“, се вели во полициското соопштение.