Едно лице загина, а две други се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи синоќа на автопатот Охрид-Кичево, во близина на аеродромот во Охрид. Според првичните информации, несреќата се случила кога се судриле две патнички возила.
Според МВР, несреќата се случила во 20:40 часот кога се судриле „Цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управуван од В.Б. (83) од Охрид, и „Ауди“ со албански регистарски ознаки, управуван од А.М. (36) од село Синичан, општина Боговиње.
„Возачот В.Б. починал на местото на несреќата, а лекар од Итната медицинска помош ја констатирал неговата смрт“, објаснија од Итната медицинска помош од Охрид.
По налог на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Возачот на второто возило, А.М., и неговиот сопатник Б.Б. (24) од Куманово се здобиле со телесни повреди. Повредените се пренесени во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде што им е укажана лекарска помош.
На местото на настанот е спроведено вештачење за да се потврди што довело до трагичната несреќа.