СОПРУГАТА ГО ЗАМЕНИ СО СОСЕДОТ, ПА ЦВЕТА ОД ЉУБОВ: По 18 години завршија на суд за милиони и луксузна вила, ПАДНАА ТЕШКИ ЗБОРОВИ
Романсата на Кевин Костнер и Кристин Баумгартнер официјално е завршена, а таа веќе започнала нова врска со Џош Конор, кој претходно бил пријател и сосед на нејзиниот поранешен сопруг.
Конор „и посветува многу внимание“, изјави извор за People, додавајќи дека Џош е „одличен“ за неа. Двојката беше видена како ужива на заедничка вечера.
– Среќна е што поминува многу време со Џош. Тој за неа е повеќе од идеален партнер – рекол изворот за парот, кој е во врска од јануари.
Чекај чекај…
Костнер на суд тврдеше дека Кристин и Конор биле заедно и пред разводот, а оваа информација ги шокираше сите.
Костнер и Баумгартнер го завршија бракот во февруари, откако постигнаа договор во септември.
„Џош може да ѝ го даде она што Кевин не може, иако е многу моќен човек со тешка кариера“, изјави претходно извор за финансиерот.
– Знае и колку и се важни нејзините деца, како и таа за него. Тие се обидуваат да зближат две семејства, што не е лесно, но вреди – вели изворот.
Кој е соседот и новото момче?
Конор е финансиер, управен директор и менаџер за стратегија за инвестиции во инфраструктурата во Oaktree Capital, специјализирана транспортна компанија. Тој претходно ја основаше Connor Capital SB, инвестициска фирма фокусирана на капитални инвестиции во транспортни компании.
Се бореа за милиони
Баумгартнер има три деца со Костнер, Кајден (17), Хејс (15) и Грејс (13). Двојката се раздели по 18 години брак бидејќи сопругата поднесе барање за развод минатиот мај.
Во разводот, според странските медиуми, судијата се водел од предбрачниот договор што го потпишале. Тие имаат заедничко старателство над децата, а Костнер на поранешната сопруга и плаќа 63.209 долари месечно како издршка.
И тој не тагуваше долго
Но, додека Баумгартнер е среќна со својот нов партнер Конор, Костнер најде и нова љубов. Во декември тој беше виден со пејачката Џевел, со која се зближија за време на хуманитарен настан на Карибите. Изворите тврдат дека не се во сериозна врска, но дека уживаат во дружењето.
„Тој е одлична личност, но понекогаш вниманието на јавноста што го добива може да биде интензивно“, рече пејачот за Костнер на Ел минатиот месец.