СОПРУГАТА НА АРАПСКИ МИЛИОНЕР МОРА ДА РАБОТИ ЗА ШЕИКOT ЗА ДА УЖИВА ВО ПАРИТЕ? Откриено каков ЖИВОТ НАВИСТИНА ЖИВЕАТ
Вистинска бура предизвика видеото на кое сопругата на милионер од Дубаи покажа како всушност живее.
Сауди е мажена за арапскиот милионер Џамал , тие живеат во Дубаи, а таа истакнува дека третманот на принцеза е единственото нешто што и треба. Се чини дека нејзината единствена задача наутро кога ќе стане е да сфати на што ќе ги потроши парите на сопругот тој ден. Луксузниот начин на живот ја исполнува, како и нејзиниот партнер исполнува апсолутно се – од банални работи до прескапи секојдневни задолженија.
Како изгледа денот на сопругата на арапски милионер?
Таа откри дека деновите ги поминува средувајќи ја косата и ноктите и дека кога е дотерана сака богат оброк. Нејзиниот сопруг Џамал редовно и дава пари за трошење и како што истакнува Соуди – сака целосно да ја разгали.
– Ова е ден од животот на богата домаќинка која живее во Дубаи. Се разбудивме утрово и Џамал рече дека ќе биде зафатен со работа, па ми даде малку пари и секако отидов во салонот за убавина. Му се допаѓа кога се грижам за себе и ги трошам неговите пари на мојот изглед. Избрав супер едноставен дизајн на нокти и тој потоа дојде да ме земе. Ми рече да си ја средам косата додека тој работи друга работа. После тоа ми рече дека сака да ме изненади, па се вративме дома и се пресоблековме – вели Соуди.
Потоа, во текот на вечерта, Џамал и подари обетки кои ги дизајнираше специјално за неа. Отишле во ресторан каде служат коктели со 24-каратно злато, а како изненадување на вечерта била пејачка која и ја испеала омилената песна.
– На вечера јадевме салати, ракчиња, филе мињон и тирамису. Секако, Џамал плати за сето тоа – додаде Соуди.
Открива и дека е многу внимателен и дека и посветува многу внимание и љубов, како и дека најважно му е таа да е среќна и задоволна. Од друга страна, корисниците на социјалните мрежи не се многу оптимисти кога станува збор за нивната романса и веруваат дека ќе раскинат „штом таа сума пари ќе исчезне“.