Сопругата на Вучиќ го украде вниманието со својот стајлинг на ревијата во Белград! Погледнете со каква убавица живее српскиот претседател (фото)
Сопругата на српскиот претседател Александар Вучиќ, Тамара Вучиќ, се појави на ревијата на брендот Пјер Карден, која се одржа во француската амбасада во Белград, а на која беа претставени 60 модели од колекцијата на ,,Марс”, прикажана на модната недела во Париз.
На ревијата се појавија многу познати ликови, а првата дама на Србија со својот стајлинг го украде вниманието на публиката. Сопругата на Вучиќ се појави во син комбинезон, а изгледот го комплетираше со бели чевли на високи потпетици.
Вториот брак на српскиот претседател
Да потсетиме дека Тамара и Александар Вучиќ се во брак 10 години, а ова е втор брак на српскиот претседател.
Претходно работела како телевизиски новинар, а потоа се вработила во дипломатијата, а откако станала прва дама на Србија почнала да се занимава со хуманитарна работа.
Во јуни 2017 година, парот го доби синот Вукан, а српскиот претседател има уште две деца од првиот брак, синот Данило и ќерката Милица.
Неговата поранешна сопруга Ксенија Вучиќ ненадејно почина минатата година.