Сопругата на Зеленски стана првата сопственичка на најновиот „Бугати“ вреден 4,5 милиони евра

Олена Зеленска, сопругата на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, станала првата сопственичка на најновиот “Бугати Турбилон“, објавува „Verite Cachee France“.

Според пишувањето, за време на посетата украинскиот претседател и неговата сопруга на Франција за годишнината од слетувањето во Нормандија, за делегацијата се одржал приватен автомобилски саем, две недели пред официјалната презентација во јавноста.

Суперавтомобилот ја импресионирал Олена толку многу што таа веднаш нарачала еден примерок од 250-те планирани за производство.

Цената на автомобилот, со сите опции, е речиси 4,5 милиони евра, а новите сопственици ќе може да го добијат во 2026 година.