Сопругот на Пенелопе Круз проговори за борбата што таа ја преживеа: Ја разголи душата за пеколот низ кој поминаа заедно (фото)
Шпанскиот актер Хавиер Бардем ја отвори својата душа и сподели приказна што оди многу подалеку од холивудскиот гламур – приказна за љубовта, родителството и борбата на неговата сопруга, Пенелопе Круз, со постпартална депресија.
Во ексклузивно интервју за „Њујорк тајмс“, Бардем за првпат јавно проговори за тешкиот период низ кој поминала познатата актерка по раѓањето на нивното прво дете, синот Лео, во 2011 година.
– Бременоста не беше толку тешка. Но, депресијата потоа… Тоа беше нешто што не знаеше како да го изрази. Беше ново за неа – рече Хавиер и откри дека во тоа време дури и не бил свесен низ што поминува Пенелопе.

– За жал, не можев да разберам какви се случувања . Но, подоцна сфатив. Таа е неверојатна, храбра и силна жена и успеа да зборува за тоа – рече актерот.
Љубов што растеше низ годините (и камерите)
Нивната љубовна приказна започнала во деведесеттите години на снимањето на филмот „Хамон Хамон“, но вистинската хемија се случила години подоцна, на снимањето на филмот „Вики Кристина Барселона“.
– Знаевме дека тоа е тоа. Се обидовме да го игнорираме, но едноставно не можевме – искрено призна Бардем.
Иако двајцата беа претпазливи во тоа време, поради нивните кариери, патувања и внимание од јавноста, не можеа да избегаат од очигледното.
– Последната вечер од снимањето испивме неколку пијалоци… а веќе поминаа 18 години – рече тој со насмевка.
Токму тој филм ѝ го донесе Оскарот на Пенелопе за најдобра споредна женска улога, правејќи ја првата Шпанка што ја освоила таа престижна награда.
И тој се соочи со темни моменти
Бардем сподели и дел од своето емотивно патување – по завршувањето на долгата врска, на 37-годишна возраст, помина низ период на длабока тага.
– Бев тажен. Не размислував за темни работи, но го изгубив чувството на радост.
Токму тогаш тој се врати на работа – а истото го стори и Пенелопа. Судбината ги спои токму кога требаше.
Семејни вредности и љубовни писма
Денес, додека ја снима новата серија во Атланта, Бардем носи со себе рачно напишани љубовни писма до Пенелопе и цртежи од нивните деца, Лео и Луна.
– Без нив, моето тело физички чувствува болка и тага – призна тој и додаде дека имаат едно правило: никогаш не поминуваат повеќе од две недели еден од друг.
– Не се сеќавам на животот пред децата. Сè се промени и сум благодарен за тоа – истакна тој, пренесува Glossy.