Пејачката Ријана за време на Супер Боул, каде после долго време за првпат настапи, изнајми вила за седум дена за вртоглави половина милион долари.
Спиро Маласпинас на Ријана и’ го изнајмил својот имот и вилата со пет соби, кои ги купил во 2022 година за 7,3 милиони долари, а за „Волстрит журнал“ објаснил дека немал апсолутно никакви проблеми да се пресели од својот дом.
– ,,Јас сум било што, но не сум некој вид на крал на недвижности. Не сум премногу горда и суетна личност, немав проблем да се отселам од мојата куќа седум дена за половина милион долари”, рече сопственикот на вилата.
Додаде и дека неговите ќерки се воодушевени, а сега нема да мора да плаќаат хипотека најмалку две години.
Потсетуваме, пејачката по настапот потврди дека е бремена по вторпат, а за време на настапот неколку пати го допираше по стомакот.
Ријана настапи со пеење и танцување на пловечки платформи, кои полека се спуштаа кон теренот. Таа беше облечена во црвен костим, а во настапот кој траеше околу 15 минути изведе делови од нејзините најголеми хитови во придружба на десетици танчери облечени во бели тренерки.