Сопственик на пумпа го изрешетиле убијци од Балканот! Бил во врска со убавата Катарина: Љубовта скапо го чинела

Сопственикот на пумпата, Вангелис Зампунис, во неделата во Грција беше изрешетан со повеќе од 90 куршуми, а убиството беше потсетник за полицијата дека војната во грчката мафија сè уште трае.

Шефот на полицијата изјави дека Вангелис, кој веќе им бил познат на властите, најверојатно бил убиен од убијци кои дошле од Балканот.

Важна улога во внесувањето на Вангелис во криминалните води имаше убавата Катарина Анагоностики, која беше позната под прекарот Катарина Bela Mafia.

Тие двајца долго време беа во интензивна врска, но сепак раскинаа. Меѓутоа, по разделбата тие често биле во контакт. Тогаш немаа поим дека од 2016 година, кога започна војната на грчките кланови, тие ќе станат мета на напаѓачите.

Врската помеѓу Катарина и Вангелис

Катарина и нејзиниот тогашен партнер 2018 година ја поминаа безгрижно со својата ќерка. Оваа 33-годишна убавица го сакала добриот живот, пиштолите и тетоважите. Таа по потекло била од Крит и потекнувала од познато и богато семејство.

Беше многу млада кога сфати дека поради името, врските и социјалниот статус секогаш ќе биде заштитена.

Кога наполнила 20 години, го запознала Вангелис и започнала врска со него. Кога Вангелис бил во опасност да биде уапсен, таа го сокрила во својата куќа.

Многумина веруваат дека Катарина е убиена во 2018 година токму поради врската со Вангелис.

Пред смртта била осомничена за убиство на сопругата на мафијаш, а била обвинета и дека била дел од банда разбојници кои краделе пратки со пари.

Токму поради таа кражба и’ е изречена условна казна од пет години.

Таа успеа да го преживее атентатот во 2011 година. Двајца вооружени мажи потоа ја чекале пред зградата во која работела и и’ пукале во глава.

Не е познато дали напаѓачите тогаш знаеле дека таа е бремена, но таа успеала да преживее со чиста среќа.

Да потсетиме

Страшната ликвидација на Вангелис се случила за само 28 секунди во неделата навечер. На снимката се гледа како Вангелис влегува во неговиот џип, а по кратко време зад него застанува возило, а излегува маж со фантомски пиштол и автоматско оружје, кој потоа испука низа куршуми кон возачот.

Вангелис бил застрелан од Лексус, а тој автомобил бил украден во Милано во јуни, пишуваат грчките медиуми. Убијците ставиле лажни регистарски таблички, а безбедносните камери го снимиле моментот на убиството.

Камерите потоа го снимиле убиецот како го менува патронот со калашников, ја отвора вратата и го застрелува Вангелис, кој веќе е мртов…