Сопственик на стан во Смедерево, Србија, синоќа се разнел со експлозивна направа, тешка неколку килограми, по расправија со станарите околу киријата, пренесуваат српските медиуми за екплозијата што вчеравечер ги вознемири граѓаните. Станува збор за 56-годишен маж, што наводно подолго време се обидувал да го исели четиричленото семејство-кираџии, бидејќи не му плаќале кирија.
Тој од силината на експлозијата загинал, а поголем дел од петтиот спрат, каде што се наоѓал станот е уништен.
Сосетка за „Блиц“ вели дека тој две години бил во конфликт со станарите.
Тој долго ги молеше да го решат проблемот, да му платат колку што имаат. Се обидуваше и да ги избрка, но безуспешно. Долго беа во конфликт, вели таа.
Во станот живеело четиричлено семејство, таткото Александар П.(63), неговиот син Никола П.(27), Миљана П.(24) и малолетното дете кое е внуче на Александар.
Во експлозијата тешко повредени се братот и сестрата. Никола има тешки повреди на окото и најверојатно трајно ќе го изгуби видот на него. Миљана се здобила со повеќе тешки изгореници по телото.
Полицијата и утрово сè уште е на лице место и врши увид.