Соработка меѓу Америка и Русија?

Вршителот на должноста директор на американската вселенска агенција НАСА, министерот за транспорт Шон Дафи, денес изјави дека сака да најде заеднички јазик со Русија по прашања за соработка во вселената.

Оваа изјава го потврди неодамнешното пишување на руските новински агенции дека шефот на руската вселенска агенција Роскосмос, Дмитриј Баканов, и Дафи ќе се сретнат наскоро, за прв пат од 2018 година на директна средба на шефовите на вселенските агенции на Русија и САД, пренесува Ројтерс.

„Имаме големи несогласувања со Русите околу Украина. Но, ќе продолжиме да градиме сојузи, партнерства и пријателства додека човештвото продолжува да напредува во истражувањето на вселената“, изјави Дафи за новинарите, истакнувајќи дека САД имаат партнерство со Русија на Меѓународната вселенска станица.

Претседателот Доналд Трамп ја номинираше Дафи за вршител на должноста директор на НАСА претходно овој месец.

„Наоѓаме точки на согласност, точки на партнерство во врска со Меѓународната вселенска станица и Русите. Во тешки времиња, ние не ги отфрламе тие односи“, рече Дафи.