Фондацијата Отворено општество (ФОО) денеска соопшти дека планира да го ограничи новото финансирање до февруари, поради транзиција кон новиот оперативен модел управуван од синот на милијардерот Џорџ Сорос, Алекс.
ФОО наведува дека паузата нема да влијае на сегашните приматели на грантови.
Во писмото упатено до „пријателите и партнерите“, претседателот на Фондацијата Отворено општество, Марк Малох-Браун напиша: „Технолошките, еколошките, политичките и социоекономските промени ги предизвикуваат идеалите на отвореното општество ширум светот. Овие промени бараат од нас да ја преиспитаме нашата филантропија“.
Како дел преиспитувањето е и намалување на глобалниот персонал на ФОО во 20 земји за 40 отсто. Како и промени во времетраењето на грантовите на фондацијата.
Во 2021 година, последната година за која се достапни целосни податоци, ФОО подари 1,5 милијарди долари на глобално ниво. Тоа вклучува 401 милион долари во САД и 209 милиони долари во Европа и Централна Азија.