Сосема е јасно зошто оваа фотографија од роденденот на Бајден е хит на интернет

Американскиот претседател Џо Бајден неодамна го прослави својот 81 роденден, а фотографијата на која позира со торта стана тема на бројни шеги и мемиња на социјалните мрежи.

Имено, Бајден насмеан позираше покрај роденденска торта на која беа запалени 81 свеќа. Со оглед на тоа што ги имаше толку многу на мал простор, свеќите се споија во голем пламен, а за тоа се пошегува и самиот американски претседател. „Благодарам на сите за роденденските желби. Излезе дека снемува простор за 146-ти роденден“, напиша тој во описот, а следбениците брзо се огласија во коментарите.

„Кој решил да се пошегува за својата возраст, треба да добие покачување“, „Дали таа торта треба да ја претставува Америка денес?“, „Дајте му покачување на неговиот помошник на социјалните мрежи“, „Оваа торта изгледа како неговата крајна дестинација“, „Тоа е олимписки факел “, „Толку сте стари што на вашата торта гори камперски оган“, се дел од коментарите.

Инаку, Бајден е веќе најстариот претседател во американската историја, а доколку добие втор мандат, што би сакал, ќе има 86 години кога ќе ја напушти Белата куќа.