Сосема неочекувано и изненадувачки: Новак Ѓоковиќ донесе “шокантна“ одлука по елиминацијата од Австралија Опен
Новак Ѓоковиќ го заврши своето учество на Австралија Oпен со пораз во полуфиналето од подоцнежниот шампион Јаник Синер.
По елиминацијата во Мелбурн реши да ги прескокне помалите турнири, а сега се знае каде следен пат Србинот ќе се појави на терените.
Имено, Новак Ѓоковиќ се враќа во Индијан Велс, што официјално е објавено и на веб-страницата на најдобриот тенисер во светот.
Ова е речиси „шокантна“ одлука бидејќи тој не играл во Индијан Велс од 2019 година.
Пред пет години на овој Мастерс тој беше поразен веќе во 3. коло од Филип Колшрајбер.
Титулата во Индијан Велс ја брани Карлос Алкараз, а турнирот е закажан од 6. до 17. март.
Тоа значи дека Новак Ѓоковиќ најверојатно ќе игра на Мастерсот во Мајами кој ќе се игра од 17. до 31. март. Новак Ѓоковиќ шест пати го освои Мајами и го држи рекордот со Андре Агаси.