Сослушан мажот кој брутално ги тепаше детето и жената: Ја претеал и силувал сопругата, па изнесе срамна одбрана (фото)

Во Вишото јавно обвинителство во Белград денеска беше сослушан мажот кој е (26) осомничен дека ја силувал својата невенчана сопруга и го претепал нивниот заеднички шестмесечен син.

Осомничениот се товари за кривични дела силување и семејно насилство. Тој на рочиштето ги негираше кривичните дела за кои се товари и ја изнесе својата одбрана.

Обвинителството по рочиштето му предложи на судијата за претходна постапка на Вишиот суд во Белград да му одреди притвор за да не влијае врз сведоците и за кратко време да не го повтори делото.

Наредбата за спроведување истрага против мажот е донесена поради сомнение дека на 1 јуни околу 21 часот со употреба на сила и закани ја силувал својата сопруга додека плачела и трпела силни болки.

Тој и’ се заканил дека ќе ја убие ако повика полиција, поради што жртвата уште повеќе се плашела за нејзината безбедност и за нивното заедничко дете.

Исто така, се сомнева дека претходните денови, кога мајката на детето не била присутна, го малтретирал нивниот шестмесечен син удирајќи го по главата и телото, при што детето се здобило со повеќе физички повреди.