Состанок на турски и американски претставници во рамките на Турско-американскиот стратегиски механизам
– Турските и американските претставници денес ќе одржат разговори во рамките на Турско-американскиот стратегиски механизам во Вашингтон.
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за надворешни работи на Турција.
Турскиот заменик-министер за надворешни работи, амбасадорот Бурак Акчапар, ќе одржи консултации со американската државна секретарка за политички прашања Викторија Нуланд и високи американски претставници, се наведува во соопштението.
Официјалните претставници ќе разговараат за билатералните односи и за актуелните регионални и меѓународни прашања.