СОСТОЈБАТА ВО ГЕРМАНИЈА Е КРИТИЧНА – Над 20.000 луѓе излегоа на улиците, а штрајковите во големите градови не престануваат
Во Германија денес штрајкуваа повеќе од 20.000 просветни работници од јавниот сектор, објави синдикатот „Образование и наука“ (ГЕВ), пренесуваат германските медиуми.
„Доколку работодавачот конечно не реагира и не почне правично да ги плаќа вработените во јавниот сектор, кризата со недостигот на професионална работна сила дополнително ќе се продлабочи“, изјави претседателот на ГЕВ, Дорен Зиберник, на централниот состанок во Лајпциг, на кој се собраа околу 7.000 просветни работници.
Освен во Лајпциг, најголеми собири се одржаа и во Берлин, Хамбург и Карлсруе, каде што илјадници вработени во училиштата, факултетите, градинките и канцелариите за млади излегоа на улиците.
Дорен Зиберник објасни дека просветните работници и работниците во образовните институции се особено погодени од недостигот на работна сила, поради што многу работни места во секторот остануваат непополнети.
Според студијата објавена денес од фондацијата „Бертелсман“, ситуацијата е критична, особено во градинките, каде недостигаат повеќе од 430.000 места поради недостиг на наставници.
Синдикатите бараат од работодавачот, односно од градовите и општините, зголемување на платата за 10,5 отсто или најмалку 500 евра повеќе месечно. Дополнително, бараат и договор на неопределено време за студенти кои работат во образованието пред да ги завршат студиите.