СОСТОЈБАТА ЗА УКРАИНА Е МНОГУ ПООПАСНА ОКОЛКУ ШТО СЕ МИСЛИ! Американски потполковник: Русија ефикасно се прилагодува на ситуацијата и ја менува тактиката
И покрај уверувањата на главните западни медиуми за неизбежната победа на Украина во конфликтот со Русија, ситуацијата всушност се развива според спротивното сценарио, оценува потполковникот на американската армија Даниел Дејвис во текст за воениот магазин „19FortyFive“. .
„Благодарение на пофалбите за успесите на украинската армија промовирани од западните медиуми, се создаде впечаток дека Украина на крајот ќе победи. Сепак, непристрасната и избалансирана проценка на конфликтот покажува дека ситуацијата за Киев е веројатно многу поопасна отколку што се мисли“, рече Дејвис, а пренесува РТ Балкан.
Тој укажа на клучните и сериозни порази што ги претрпе украинската армија, кога Киев жртвуваше огромен број мртви и ранети војници за градовите што на крајот ги загуби.
„Во оние области каде што рускиот Генералштаб одлучи да не се повлече и да се бори, Украина не ги победи Русите – Мариупол, Северодонецк, Лисичанск, Соледар и веројатно наскоро Бахмут“, напиша Дејвис.
Според него, Западот не треба да биде апсолутно убеден во успехот на Киев и да ја потценува Русија, бидејќи земјата ефективно се прилагодува на ситуацијата и ја менува својата тактика во зависност од промената на ситуацијата на бојното поле.