Здраствената состојба на пејачката Селин Дион се влошува.
Една година откако ја објави дијагнозата, пејачката повеќе не може да контролира одредени движења на телото. Ова го потврди нејзината сестра Клодет Дион.
„Таа нема контрола над нејзините мускули. Она што ми го кине срцето е тоа што таа секогаш беше дисциплинирана и се грижеше за се. Таа секогаш работеше напорно. Нашата мајка секогаш ѝ велеше: „Ќе го направиш тоа добро, ќе го направиш правилно“, изјави Клодет за 7Jours. „Точно е дека и во нашите соништа и во нејзините соништа целта е да се врати на сцената. Во каква форма? Не знам“, додаде таа.
Ретка невролошка болест
За потсетување, на Селин ѝ беше дијагностицирана ретка невролошка болест позната како синдром на вкочанета личност, која предизвикува грчеви кои можат да бидат толку тешки што дури и ги скршуваат коските.
„За жал, овие грчеви влијаат на секој аспект од мојот секојдневен живот. Понекогаш ми го отежнува одењето и не ми дозволува да ги користам гласните жици за да пеам како што сум навикната“, напиша Дион во текстот на Инстаграм во 2022 година, најавувајќи дека ќе ги одложи датумите на нејзината турнеја. .