Софија Вергара во топлес и танга ужива на базен: Актерката го освести посилниот пол со жешки слики (ФОТО)

Софија Вергара, омилената ѕвезда од серијата „Модерно семејство“, повторно ги воодушеви следбениците на Инстаграм. Во најновото издание, актерката позираше во танга бикини додека се сонча покрај базенот – без маица , но со еден важен елемент: крема за сончање од нејзината козметичка линија, „Тоти“.

„Летото е тука“, напиша таа кратко на шпански, покрај сликата, која собра илјадници лајкови.

sofia-vergara-topless-bazen.jpg

Секогаш со SPF: Летниот ритуал на Софија

На друга фотографија од приказната, Вергара носи жолто бикини со цветен принт и го штити лицето со сламена шапка. Дури и тогаш, таа имаше крема за сончање до себе – SPF заштитата стана задолжителен дел од нејзината дневна рутина.

„Пораснав во Баранкила, каде што никој не зборуваше за опасностите од сонцето. Дури многу подоцна сфатив колку е важно да се заштитам“, изјави актерката за „Харперс Базар“.

Некогаш безгрижна, сега претпазлив

„Порано, буквално се пржев на сонце со кокосово масло на телото, секој викенд“, призна таа.

,,Сега излегувам на сонце само на одмор – и секогаш со заштита.

Таа го ,,запали” Инстаграм и во април и во мај

Нејзините фотографии во бикини станаа редовни во текот на пролетта. Во април, таа го носеше истото црно бикини со шарен топ, додека во мај позираше во едноделен костим со детали од чипка и врвки.